Metodologija (makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 10 | Nivo: Filozofski fakultet

Вовед
Методологијата е наука за методите, општа теорија на научното сознание, но и посебна дисциплина на проучување на логички операции и техничко- истражувачки постапки на некоја наука. Како внатренаучна дисциплина, методологијата критички ги испитува научната постапка, техничките средства и инструментите со кои се служи науката, начинот на логичката обработка на податоците до кои таа доаѓа, а настојува и да ги одреди оптималните услови под кои треба да се врши истражувањето на некое дефинирано подрачје на одредена наука.
Во ваквата методологија во потесно смисла разликуваме технички и логички методи на истражување. Првите се однесуваат на организацоијата на посматрањето, експериментирањето и точното мерење. Тие обесзбедуваат оптимални услови под кои може да се дојде до употребливи научни податоци. Другите се однесуваат на научните обработки на податоците, изведување на заклучоци и градење на теории и системи. Тие, пак, ги утврдуваат условите под кои се сознава научната вистина. Првите имаат помошен карактер и варираат од една специјална наука до друга, а другите го чинат основниот предмет на методологијата, доколку таа претставува дел од логиката.
Теоретските ставови, законите и правилата на логиката во практичната примена на научното истражување стануваат принципи на методологијата. Некои ментални активности и форми на сознание (дефиниција, класификација, анализа, синтеза, хипотеза, индукција, дедукција, доказ) им се заеднички на сите науки- тие се предмет на проучување на општата методологија на научното сознание.
Што е методологија?
Методологијата, која во основа е логичка дисциплина ги проучува одделните методи, секогаш се стреми да го систематизира и да го оцени истражувачкото искуство на една наука. Како таква, методологијата, гледано во однос на истражувачката дејност на одделна наука, е посамостојна.
Примарна функција на методологијата е е логичко-епистемолошка критика на научно-истражувачката практика, земена во сите нејзини логички, технички, организациски и стратешки аспекти.
Предмет на методологија
Научнот метод е предмет на методологијата. Тоа е целина, комплекс на кохерентни, конзистентни, синтетизирани, научно верификувани сознанија и научно-теоретски и практично проверени правила и норми, мисловни и практични дејности и инструменти, со кои се стекнува научно сознание или, поедноставено, тоа е начин на стекнување на научно сознание.
Методот на науката е „...начин или пат теоретско-практично стекнување, проверување и развиток на научното сознние".
Составни делови на методот
Составни делови на методот, согласно дадената дефиниција, се:
1) логичкиот дел, т.е., правилата и нормите на вистинитото мислење како општи рамки и насочувач на интелектуалните процеси во стекнувањето на научното сознание;
2) епистемолошкиот, т.е., научно-теоретскиот дел во кој се содржани основните научно-теоретски поставки и фундаментални сознанија на определена наука, односно научна дисциплина, како и категоријално- појмовниот и терминолошки систем;
3) методско-техничкиот дел чии сдодржини се научно и практично проверени сознанија за начините на истаржување, техниките на примена со кои тие начини (методи) се користат во истражувачката практика.
Класификации на Методологијата
Спрема критериумот на општоста треба да се разликуваат општа методологија, методологија тнр. корпуси на науки и методологија на посебните науки.

---------- OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ---------- 

www.maturskiradovi.net 

 

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: maturskiradovi.net@gmail.com

besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!